Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ НА КРСТОПАТ: Ќе продолжи по стариот пат или ќе скршне во друг правец?

ДУИ НА КРСТОПАТ: Ќе продолжи по стариот пат или ќе скршне во друг правец?

Демократската унија за интеграција, партијата чие кормило го управува Али Ахмети е исправена пред крстопат.

Сите очи денеска се вперени кон ДУИ. По маратонските разговори и синоќешниот состанок пред полноќ заврши без одлука.

ДУИ ја има шансата да се запише во историјата како партија која ја напушта долгата речиси десетгодишна „љубов“ со ВМРО-ДПМНЕ и преминува во опозиција со СДСМ.

Засега во игра се сите опции. Картите се отворени и ставени на маса.

Ќе стави ли Ахмети крај на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и Груевски или сепак ќе сврти нова страна и книгата ќе продолжи да ја пишува со Заев?

Прашање на кое одговор ќе очекуваме денеска до полноќ.

На полноќ истекува и рокот на мандатарот Никола Груевски кој уште молчи во однос на тоа дали има парламентарно мнозинство да направи Влада.

Можни сценарија: Потпретседателите на ДУИ го вратија Заев како фаворит за премиер?!

Слично

Поврзани вести