Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ „му го спушти“ на Лика: Не си во тек со настаните

ДУИ „му го спушти“ на Лика: Не си во тек со настаните

Откако вицепремиерот Хазби Лика и поранешни ветерани на ОВК реагираа дека ДУИ не го информирал и зад грб му работел на укинување на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и негова трансформација во министерство за политички систем и односи помеѓу заедниците, неговата матична партија не му остана должна.

Од ДУИ возвратија дека вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, кој по правило е на чело на Секретаријатот, не бил во тек со ситуацијата затоа што не доаѓал на работа во Владата.

За ДУИ срамота е Лика да не знае за предлогот бидејќи тој е дел од платформата на партијата. Од партијата додаваат дека Лика на функцијата вицепремиер за Рамковниот бил избран за да ја спроведе изборната програма, а не за да отсуствува од работа, пренесува ТВ21. Според ДУИ, тоа упатува на заклучокот дека ниту ја прочитал партиската програма, ниту стратегијата на Секретаријатот.

„ДУИ ја потсетува пошироката јавност во земјава дека иницијативата за унапредување и трансформирање на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците потекнува од квалитативната Анализа за Охридскиот договор од 2015 година, од изборната платформа на ДУИ „2020“, од Албанската платформа и од договорот за Влада. Пратениците, исто како и министрите кои се избрани во овој парламентарен и владин состав се избрани врз основа на ветената програма на изборите во 2016 година“, реагира ДУИ.


Слично

Поврзани вести