ДУИ „мерка“ кои кандидати да ги стави на листите за пратеници
Актуелниот коалиционен партнер на владеачката СДСМ разгледува кои кандидати ќе ги предложи на листите за пратеници.
Министерот за образование Адеми не открива многу детали за оваа тема, истакнувајќи дека во партијата на Али Ахмети моментно се прават анализи за кандидатските листи а она што е извесно е дека ќе се предложат кандидати кои на достоинствен начин ќе ги претставуваат Албанците.
Она што ДУИ го очекува од кампањата и изборите е се да помине во фер и демократска атмосфера.
-Нашиот фокус е ставен на победа на ДУИ и очекуваме мирна и фер изборна кампања-кажа Адеми, додавајќи дека секогаш кога биле на власт ДУИ, изборите поминувале во најдобар ред.
Слично
