Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ: Меџити и Таравари, губитниците на изборите и омилени вазали на ВМРО, се пофалија дека го ослободиле Блерим Рамадани

ДУИ: Меџити и Таравари, губитниците на изборите и омилени вазали на ВМРО, се пофалија дека го ослободиле Блерим Рамадани

ДУИ денеска порача дека пропаднал планот на српскиот претседател Александар Вучиќ и на моноетничката влада за екстрадиција во Србија на поранешниот припадник на косовската УЧК, Блерим Рамадани.

„Меџити и Таравари, губитниците на изборите и омилени вазали на ВМРО, се пофалија дека го ослободиле Блерим Рамадани, измамувајќи ја албанската јавност. Мицкоски вчера потврди дека Меџити и Таравари не отвориле уста во Владата за Блерим Рамадани, велејќи дека тој не слушнал дека се пофалиле јавно за неговото „ослободување“. ВазаЛЕН-ите нѐ срамат и пред Косово и Албанија, со дипломатскиот скандал со претседателката Османи и со апсењето на Блерим Рамадани, сето тоа со директни наредби од Вучиќ и Србија“, се вели во реакцијата на ДУИ.

Портпаролот на коалицијата Вреди, Фари Хисени, изјави дека опозициската ДУИ жали затоа што не им успеал планот, преку нивни обвинител, Блерим Рамадани да биде вратен во притвор и екстрадиран во Србија.

Србија е револтирана и бара одговори за бегството на Рамадани кого го сомничат за воени злосторства извршени над косовски Срби. 

Според српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, ова е скандал. 

„Србија дава неточни информации за Блерим Рамадани“, изјави вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити. 

Рамадани е на Косово, а ова беше потврдено и со објава на фотографија на социјалните мрежи. 

Слично

Поврзани вести