Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ: Мала група насилни провокатори се обидоа да го спречат собирот во Куманово

ДУИ: Мала група насилни провокатори се обидоа да го спречат собирот во Куманово

Мала група насилни провокатори се обиделе да му го попречат патот на претседателот на Демократска партија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, кој се движел кон местото на одржување на предизборниот собирот во Куманово, соопштуваат од ДУИ. 

Велат обидот на провокаторите не бил успешен, и Ахмети сепак ја одржал средбата во Куманово, во полна сала свои поддржувачи и симпатизери.

ДУИ остро ги осудија незаконските акти против карванот на партиското раководство.

„Изразуваме жалење за срамната злоупотреба на болката на луѓето од страна на некои нови политички групи кои сакаат да се афирмираат преку очајни постапки. ДУИ го осудува секое насилството како политичко средство и е решителна да го продолжи својот политички пат, разговарајќи со граѓаните“- се вели во реакцијата на ДУИ.

Група граѓани се собраа на влезот на кумановското село Черкезе,  за да го спречат собирот на ДУИ и на Ахмети со партиските активисти од Куманово. 

Мештаните своето незадоволство го искажаа и со крешење на стаклото на едно од возилата со кои пристигнала делегацијата на партијата. 


Слично

Поврзани вести