Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ КОНТРА ФИЛКОВ: Тој треба веднаш да биде разрешен за да се заштити независноста на судството

ДУИ КОНТРА ФИЛКОВ: Тој треба веднаш да биде разрешен за да се заштити независноста на судството

ДУИ го обвини министерот за правда Игор Филков за директно мешање во судството и во обвинителството. Од ДУИ бараат тој да биде разрешен. Партијата потенцира дека извршната власт нема уставно право да сугерира како треба да постапува судството. Според партијата, улогата на Министерството за правда е да го заштити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи каде што постои политичка поларизација.

„Министерот, наместо да го штити системот од политички притисок, создава клима на однапред одредена одлука и врши јавен притисок врз обвинителите и судиите. Ваквите изјави го нарушуваат принципот на поделба на власта и го загрозуваат интегритетот на тековните постапки. Го повикуваме министерот да се воздржи од какво било понатамошно мешање и доколку оваа практика продолжи, тој треба веднаш да биде разрешен за да се заштити независноста на судството“, соопшти ДУИ.

Од партијата најавија дека ќе ги информираат стратешките партнери, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави(САД), Европската Унија(ЕУ) и ОБСЕ, за овие случувања.

Филков на денешната прес-конференција побара Судскиот совет и Советот на јавни обвинители итно да свикаат седници и да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби кој доби куќен притвор откако вчера се појави на граничниот премин Блаце по нешто повеќе од една година во бегство. 

Слично

Поврзани вести