Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ ќе раководи со три собраниски седници: Уставна и здравство сигурни, дилемата е околу Европски прашања или образование

ДУИ ќе раководи со три собраниски седници: Уставна и здравство сигурни, дилемата е околу Европски прашања или образование

На следната седница ќе се избираат собраниски комисии и се прават сите подготовки, ова денеска го потврди пратеникот на ДУИ, Изет Меџити, кој нагласи дека од неговата партија ќе раководат со три собраниски комисии, од кои сигурни се Уставната комисија и Комисијата за здравство, а се уште не е решено за Комисијата за европски прашања и образование.

Тој, денеска во Собранието каде беше присутетн по повод доделувањето на наградата „8.Септември“ истакна дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе раководат со по осум собраниски комисии, ДУИ со три, а Алијанса на Албанците и Алтернатива со две.

– По дифолт, претседателот на Собранието ќе раководи со Уставната комисија. ДУИ ќе раководи и со Комисијата за здравство, а дилемата е дали ќе раководи и со Комисијата за европски прашања или со Комисијата за образование, истакна пратеникот Меџити. 


Слично

Поврзани вести