ДУИ ќе бира ново претседателство, а Ахмети вели оган немало во партијата
Централното собрание на ДУИ ќе бара отчет и ќе избира ново претседателство на 15 октомври.
Претседателот на партијата, Али Ахмети се сретна со т.н.„огнена група“ која бараше смена на првиот вицепремиер Артан Груби и други министри. Ахмети рече дека оган сепак немало во ДУИ. Ќе бараат извештај од владините функцинери за дотогаш сработено, ќе направат и анализа на политичката состојба во државата. Во групата се пратеникот Изет Меџити, градоначалникот на Сарај Блерим Беџети, како и поранешните партиски функцонери Муса Џафери, Садула Дураку и Невзат Бејта.
Слично
