„Уште од почетокот на истрагата, и потоа и на судењето на случајот, Демократската унија за интеграција инсистираше на целосно расветлување на вистината, транспарентно судење на случајот со истакнат меѓународен мониторинг и регионална соработка на институциите“, се вели во партиското соопштение.
Од ДУИ нагласуваат дека се силно посветени за реформи во судството според препораките на ЕУ и за владеење на правото и законот и во сите други спорни случаи кои, како што наведуваат, предизвикуваат сомнежи.
