Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ: Инцидентот во М-НАВ е резултат на нарушени односи меѓу колегите и нема никаква врска со политичкo прашањe

ДУИ: Инцидентот во М-НАВ е резултат на нарушени односи меѓу колегите и нема никаква врска со политичкo прашањe

Демократската унија за интеграција (ДУИ) вели дека настаните во М-НАВ се вознемирувачки и силно ја осудуваат секоја форма на насилство. 

Од ДУИ велат дека безбедноста на сите граѓани е најважна за нив.

„Настаните во М-НАВ се вознемирувачки и од државните институции се третираат со најголема сериозност. Истражните органи мора одлучно да го расветлат случајот“, велат од партијата. 

Велат дека инцидентот е резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите во работната средина и нема никаква врска со политичкo прашањe, а уште помалку со ДУИ.

„Ја осудуваме тенденцијата за постојано мешање на партиите во секоја приватна секојдневна работа. Демократската унија за интеграција го повторува својот став за владеење на правото и тоа дека никој не е над законот, но воедно и се спротивставува на осудувањето и притисокот на јавноста врз институциите“, велат од ДУИ.

Првиот синдикалец на Контролата за летање, Александар Тасевски, денеска брифираше дека се јавил на повик на делегацијата на Европската Унија во Македонија за да ги информира за случувањата во македонската навигација. 

Според претседателот на синдикатот, кој го обелодени упадот во М-НАВ од страна на партиски насилници заради нестручни вработувања, делегацијата на ЕУ била целосно запознаена со сите случувања во М-НАВ.

Директорот на М-НАВ,  Фахрудин Хамиди на денешната прес конференција, потенцира дека безбедноста на патниците никогаш, ниту била, ниту ќе биде загрозена. 

Претседателот Стево Пендаровски одлучно го осудува насилничкото однесување во М-НАВ од страна на вработени во таа инстутиција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории. 

Слично

Поврзани вести