Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ и денес отвора дополнителни штабови за претседателските избори

ДУИ и денес отвора дополнителни штабови за претседателските избори

ДУИ објави дека отвора штабови за претседателските избори во сите 35 општински единици каде што владиниот коалиционен партнер има свои ограноци. Портпаролот на изборниот штаб Арбер Адеми најавиу дека денеска се отвораат штабови во Сарај, Бутел, Студеничани и на други места.

Својата кампања во која ќе го поддржи заедничкиот претседателски кандидат Стево Пендаровски ја започнува во Дебар, каде што ДУИ канкурира и за градоначалничко место.

„Конкретно, Демократската Унија за Интеграција од денес има свои партиски претставници во сите нивоа, како и илјадници активисти, кои во секое населено место ќе ја проследат нашата определба за овие претседателски и локални избори“, рече Адеми.

ДУИ најави модерна и интер-активна кампања со директни средби со граѓаните, од куќа во куќа и „секаде каде е потребно за да се истакне дека патот за НАТО и ЕУ е поставен и не може да се сопре“.

Слично

Поврзани вести