Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ го заврши вечерашниот состанок, каква одлука носи Ахмети?

ДУИ го заврши вечерашниот состанок, каква одлука носи Ахмети?

Заврши претседателството на ДУИ, кое разгледуваше две точки за да се одблокира состојбата во политиката која ја кочи работата на речиси сите институции.

Нема конкретна одлука, ниту заклучок, бидејќи требаат повеќе дебати со партиите со кои имаат мнозинство, но и со експерти за можно повлекување на министрите од техничката влада.

Централното претседателство ќе продолжи во понеделник да ја анализира состојбата, ќе се разгледува можноста за напуштање на владата, и се разгледуваат сите варијанти со цел да се одблокира ситуацијата во земјава.

По завршувањето на краткиот состанок на ДУИ, на кој нема конкретно решение, лидерот на ДУИ Али Ахмети изјавил дека се разгледувало и клучното прашање а тоа е истекот на мандатот на градоначалниците и со сето тоа дополнително ќе се компликува ситуацијата бидејќи тие немаат повеќе ни право на потпис а тоа како што изјави Ахмети мора под итно да се реши и да се деблокираат институциите и ситуацијата да почне да се враќа во нормала.

„Ги разгледуваме сите опции за да постигнеме деблокада на ситуацијата. Ќе се консултираме со сите партии од мнозинството , со сите експерти дали ќе одлучиме да ги повлечеме министрите од Владата, рече Ахмети, кој вели дека со тоа можеби дополнително ситуацијата би се комплицирала но има и елементи кои би можеле делумно да ја деблокираат ситуацијата. Ние не сакаме дополнително да се комплицира, ги анализираме сите варијанти дотолку поважно е да се организираат локални отколку парламентарни избори бидејќи градоначалниците ќе немаат право на потпис наскоро. Формиравме работна група да ги испита легалните можности да видиме како можеме да излеземе од целата оваа криза“, изјави Ахмети.

Слично

Поврзани вести