Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ го поздрави декретот на Бајден

ДУИ го поздрави декретот на Бајден

Се огласи и ДУИ за декретот на американскиот претседател Џо Бајден. Од ДУИ велат дека е за поздравување фактот што меѓу оние кои што ја загрозуваат стабилноста на Западен Балкан се етикетирани и вклучени и оние кои работат против Преспанскиот и против Охридскиот рамковен договор. 

ДУИ ја поздравува извршната наредба на претседателот Џо Бајден со која се предвидува замрзнување на имотот и забрана за влез во САД за сите оние кои го дестабилизираат Западен Балкан, се вмешани во корупција и ги ризикуваат демократските институции.

„Демократската Унија за Интеграција целосно ја поддржува одлуката на Соединетите Држави, поточно нивната посветеност за унапредување на отчетноста и борбата против корупцијата во Западен Балкан но и низ целиот свет. ДУИ како одговорна партија во Република Северна Македонија ја поздравува длуката на Белата куќа за гарантирањето на безбедноста и политичката стабилност на Западен Балкан, а посветеноста на администрацијата на Бајден за унапредувањето на основните интереси во заштитата на демократските институции ДУИ ќе ја подржи и никогаш нема да се двоуми“, велат од партијата.

Премиерот Зоран Заев имаше позитивна реакција за овој гест на Бајден. 

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, како што вели, на време се пријавува на американската црна листа, која ќе важи за сите поединци кои ќе рсаботат протов клучните договори во регионот, меѓу кои се и Преспанскиот и Охридскиот договор во земјава.

Слично

Поврзани вести