Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ ГО ПОВЛЕЧЕ ШАТОРОТ ОД ПРЕД УСТАВЕН: Велат за три месеци пак ќе го постават

ДУИ ГО ПОВЛЕЧЕ ШАТОРОТ ОД ПРЕД УСТАВЕН: Велат за три месеци пак ќе го постават

ДУИ ги повлече „стражите за јазикот“.

Шаторот пред Уставниот суд, веќе го нема. Сепак, велат дека шаторот повторно ќе го постават за три месеци во март, за кога Уставниот суд ја најави подготвителната седница.

Според потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, закажувањето на подготвителни седници е само продолжување на процесот на укинување на Законот за употреба на јазиците.

Партискиот претседател, Али Ахмети, изјави дека Уставниот суд треба да ги отфри иницијативите.

Од „Вреди“ пак велат дека денес е само обичен ден и нема да дозволат деградација на албанскиот јазик. 

Од опозициската СДСМ пак денеска преку соопштение повикуваат уставен суд да не потпаѓа под политички притисоци и да одлучува исклучиво согласно Уставот. Никој нема право да го злоупотребува Законот за употреба на јазиците за теснопартиски интереси.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести