Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ фокусирани на законот за јазици, директори ќе бираат по изборите

ДУИ фокусирани на законот за јазици, директори ќе бираат по изборите

ДУИ како најголем поединечен партнер на СДСМ во Владата има значајна улога, но нема да брза со назначување на директори на ресорите кои нив им припаднаа со поделбата на владиниот колач. Сега се фокусирани на носењето на законот за јазиците, а дури потоа ќе размислуваат за квалитетен избор на кадри кои ќе бидат на раководни позиции.

Од ДУИ посочуваат дека нивниот избор на кадри после изборите нивни кадри ќе седнат во Агенција за електронски комуникации, Управата за води , Македонска пошта, Агенција за странски инвестиции, бордот на Македонски Телеком, ЈП Македонија пат, трудов инспекторат, ЕЛЕМ турс, ЦУК како и на едното од двете директорски места во Фондот за здравство.

- Дел од институциите кои треба да бидат раководени од кадри од ДУИ ќе останат после изборите, затоа што не сакавме во предизборие да назначиме луѓе во овие институции за да не влијаеме на предизборниот процес, вели Бујар Османи, вицепремиер за евроинтеграции.

Засега продолжува смената на голем број на директори на јавни претпријатија и институции со цел новата владејачка гарнитура да ја спроведе сопствената политичка агенда.

Слично

Поврзани вести