Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Ќе ги преземеме сите демократски мерки за да го спречиме понижувањето на Албанците

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Ќе ги преземеме сите демократски мерки за да го спречиме понижувањето на Албанците

Од ДУИ велат дека ќе ги преземат сите демократски мерки за да го спречат понижувањето и мајоризацијата на Албанците преку наметнување на вазали.

„ДУИ како државотворна партија е гарант за мирот, стабилноста, благосостојбата и европската иднина на земјата. Без да ги коментираме политичките спинови и блефови, сакаме да појасниме дека имаме мандат и одговорност од албанските гласачи за заштита на легитимитетот, политичката волја и достоинството на гласот и албанскиот народ во Северна Македонија“, велат од ДУИ.

Што се однесува до неоснованите обвинувања за прекршување на законот, уште еднаш ги повикуваат политичките партии на проверка на сите носители на јавни функции со меѓународна помош. 

„Само така ќе престане блефирањето, ловот на вештерки и злоупотребата на борбата против корупцијата за политички цели“, велат од партијата. 

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека ДУИ може да предизвика дестабилизација и тврди дека има информации од повеќе канали. 

Слично

Поврзани вести