ДУИ дискутира за понудата на СДСМ со албанските партии - Директни средби со Ахмети нема
Откако ДУИ доби писмен документ кој треба да ги опфати барањата од албанската платформа се формираат работни групи кои ќе разговараат со останатите албански партии кои може да бидат дел од новата владина коалиција.
Најпрво се мислеше дека Ахмети ќе оствари директна средба со Зијадин Села лидерот на движењето за реформи ДПА, но таа е одложена, па наместо претседателите за писмениот предлог разговараат потпретселите.
Покрај со Алијансата, ДУИ ќе оствари контакт и со претставниците на БЕСА кои исто така побараа прифаќање на заедничката платформа, а поставија и услов во новата влада да нема функционери кои се осомничени од СЈО.
Од БЕСА пак, одбиваат да седнат директно на иста маса со Ахмети што се софпаѓа со нивниот досегашен став дека може да дадат поддршка за ново парламентарно мнозинство, а да не учествуваат во владата.
