Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ демантира: Немаше повик од странство, сами одлучивме да нема влада со ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ демантира: Немаше повик од странство, сами одлучивме да нема влада со ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот Иванов ја реактуелизираше темата за тоа на кој начин пропадна договорот за влада меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ кој според него но, и неговата партија пропаднал поради еден телефонски повик од странски премиер во последен момент. 

Во интервју за Фактор24 Мане Јаковлевкси од ВМРО-ДПМНЕ ни откри дека странскиот премиер кој се јавувал кај Ахмети пред полноќ бил всушност Еди Рама премиерот на Албанија.

Ваквите ставови, но особено тие на претседателот Иванов дадени за австриски „Винер Цајтунг“ добија жесток демант од ДУИ пренесени од портпаролот Бујар Османи.

„Првин, ги негираме овие наводи, станува збор за клевети. Ниту еден фактор од надвор не влијаеше врз одлуката на ДУИ. Нашата одлука беше консензуална и внатрепартиска токму во моментот кога констатиравме дека коалицирањето со ВМРО не ги исполнува нашите очекувања во оваа консталација. Така што уште еднаш ќе ги отфрлам овие клевети кои Иванов ги користи за дневна политика. Ние сметаме дека политичките партии треба да го почитуваат потпишаниот договор во Скопје и во интерес на граѓаните да излеземе од кризата што поскоро.“ – изјави Бујар Османи, Портпарол на ДУИ.

Од движењето БЕСА, интервјуто на Иванов го оценуваат како подбуцнувачко кое не придонесува позитивно врз меѓуетничките односи меѓу Албанците и Македонците.


Слично

Поврзани вести