Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ БАРА ПАРЛАМЕНТАРНА КОМИСИЈА СО ОБСЕ, САД И ЕУ: тврдат дека правосудниот систем е под контрола на Владата

ДУИ БАРА ПАРЛАМЕНТАРНА КОМИСИЈА СО ОБСЕ, САД И ЕУ:  тврдат дека правосудниот систем е под контрола на Владата

Опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) заедно со останатите партии кои се дел од коалцијата „Еврооски фронт“ денеска преку соопштение до медиумите повторно се осврна на истрагата за трагедијата во Кочани и уште една укажа дека има селективност во истрагата. 

ДУИ особено се фокусираше на ваа истрага по апсењето на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, кој доаѓа од нивните редови и за кои беа досегашните укажувања. 

Овој пат укажаа дека парламентарната група на Европскиот Фронт официјално ќе побара формирање на посебна Парламентарна Комисија за истражување на селективниот и едностран пристап на правосудниот систем, кој е под контрола на Владата, во третманот на трагедијата во Кочани. 

- Оваа комисија треба да се формира веднаш и да вклучи претставници на ОБСЕ, како и претставници од амбасадите на САД. ЕУ и земјите-членки на Европската Унија во својство на набљудувачи, со цел да се обезбеди фер, независен и транспарентен истражен процес.

Селективната правда ја потресе секој граѓанин на оваа земја и создаде без преседан ситуација која ги загрозува темелите на правната држава и довербата на граѓаните во институциите.

Неодговорноста или политизацијата на правдата за тесно партиски цели не ги загрозува само основните права на граѓаните, туку и демократската стабилност и европската перспектива на земјата - се нагласува во соопштението.

Потоа додават дека парламентарната група на Европскиот Фронт денеска ќе поднесе официјална иницијатива за ова прашање и очекува Собранието да дејствува со максимална одговорност и сериозност за да обезбеди независно, веродостојно и инклузивно истражување.

- ДУИ останува непоколебена во својата посветеност на заштита на правата на граѓаните и зајакнување на правната држава во земјата - се истакнува на крајот од соопштението. 

Слично

Поврзани вести