Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДУИ БАРА КОМИСИИ ЗА ДА ЈА СОКРИЕ ВИСТИНАТА, А НЕ ЗА ДА ЈА ОТКРИЕ!“: ВЛЕН со остра реакција на барањето на опозицијата за истрагата во Кочани

„ДУИ БАРА КОМИСИИ ЗА ДА ЈА СОКРИЕ ВИСТИНАТА, А НЕ ЗА ДА ЈА ОТКРИЕ!“: ВЛЕН со остра реакција на барањето на опозицијата за истрагата во Кочани

ДУИ, по 22 години владеење и уништување на правосудниот систем, денес се обидува да глуми жртва, барајќи истрага само за трагедијата во Кочани.

Ова го пишува во денешната реакција на колацијата „ВЛЕН“ (Вреди) по барањето на опозициската коалиција предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ) за истрагата во Кочани, и барањето да се формира комисија. 

- Но, граѓаните не забораваат: Кој го создаде овој расипан систем? Кој ги штитеше криминалците? Кој ги претвори судовите и обвинителството во приватни партиски канцеларии?

ВЛЕН нема да дозволи вистината да се манипулира! Бараме анкетна комисија за сите трагедии од изминатите години – од Ласкарци, модуларната болница, Беса Транс, па сè до Кочани. Нема да дозволиме ДУИ да одлучува кои жртви заслужуваат правда, а кои треба да се заборават! - се нагласува во соопштението на ВЛЕН. 

Потоа додаваат „Доста со манипулации! Граѓаните знаат кој го создаде овој корумпиран систем и кој со години ја покриваше неправдата'. Од оваа коалиција најавија дека ќе продолжат да се борат за вистинска правда, а не за политички фарси на партија што веќе е минато!

Слично

Поврзани вести