Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ бара да се усогласи текстот на Резолуцијата

ДУИ бара да се усогласи текстот на Резолуцијата

Партиите на Албанците имаат забелешки за Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за преговорите со Бугарија. 

Од ДУИ велат дека оваа Резолуција треба детално да се разгледа и секоја тенденција за дефокусирање од процесот на интеграција, нема да ја има нивната поддршка.

„Сметаме дека е потребно да се усогласи текстот на Резолуцијата со сите парламентарни политички партии и да се осигура дека таа нема да му наштети на нашиот пат кон ЕУ“, рече Арбер Адеми, пратеник на ДУИ.

Халил Снопче, пратеник на Алијанса за Албанците вели дека интеграциските процеси во никој случај не треба да бидат прекинати, но и дека треба со сите земји и со Бугарија да имаме партнерски односи. 

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Резолуцијата ќе биде усвоена затоа што ја обезбедиле поддршката од СДСМ и други парламентарни партии. ВМРО-ДПМНЕ имаше средби и со Левица, кои вчера се изјаснија дека за нив е прифатлива оваа Резолуција. 

Оваа Резолуција треба да ги утврди црвените линии за преговорите со Бугарија. 

Слично

Поврзани вести