Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ бара да биде разрешен Зендели од БЕСА во Комисијата за избори и именувања

ДУИ бара да биде разрешен Зендели од БЕСА во Комисијата за избори и именувања

Парламентарната група на ДУИ бара да биде разрешен членот на БЕСА во Комисијата за избори и именувања, Фадил Зендели и на негово место да дојде Ејуп Алими од ДУИ.

Зендели вели дека со овој предлог се елиминира албанската опозиција во комисијата и се загрозуваат демократските вредности. Тој дури најави дека после овој предлог нема да учествува на седниците на оваа комисија.

„Кога од страна на претседавачот беше прочитано такво барање, јас побарав одмор и ја напуштив салата. Бидејќи кога со мое присуство има кворум за седница, ова е срамен чин на парламентарното мнозинство, пратениците што беа присутни од СДСМ и нивните партнери ДУИ. Злоупотребена е и демократијата или погрубо речено, имаше обид да се загрози секоја демократска и политичка вредност што ова институција како куќа на демократијата треба да ја има“ – изјави Зендели. 

Досега оваа комисија не функционираше како што треба бидејќи се знае, ВМРО е во бојкот, а другата опозиција Беса официјално нема прогласено бојкот, но седат зад вратите на Собранието и нивните активности се пречка за нормално функционирање на Собранието, односно на Комисијата за избори и именувања, рече Алими. 

Слично

Поврзани вести