ДУДА ПРЕЧЕКАН ОД ОСМАНИ: Еве прво со кој ќе се сретне денес
Како што соопштија од Кабинетот на претседателот на Македонија, Дуда и Пендаровски по средбата во „Вила Водно“ заедно ќе го отворат полско-македонскиот бизнис форум во скопскиот хотел „Мериот“ и ќе положат венци на гробот на револуционерот Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“
Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, синоќа допатува во дводневна официјална посета на Македонија.Полскиот претседател на Меѓународниот аеродром Скопје го пречека министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.
Заедно со фотографиите од дочекот, Османи на Фејсбук напиша дека оваа посета е потврда за традиционалното пријателство меѓу Македонија и Полска, кое неодамна е зајакнато со алијансата во НАТО.
„Посебно ја цениме искрената поддршка за европската интеграција на нашата земја, преку која ги зацврстуваме нашите пријателски врски“, истакна шефот на дипломатијата на Македонија.
Полскиот претседател Анджеј Дуда денес пред претседателската резиденција „Вила Водно“ со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателот на Македонија, Дуда и Пендаровски по средбата во „Вила Водно“ заедно ќе го отворат полско-македонскиот бизнис форум во скопскиот хотел „Мериот“ и ќе положат венци на гробот на револуционерот Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“
Во рамки на дводневната официјална посета на Северна Македонија, претседателот Дуда ќе се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев.
