Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дуда лично ќе се заложи да помогне ако Бугарија каже „не“ за преговори со ЕУ

Дуда лично ќе се заложи да помогне ако Бугарија каже „не“ за преговори со ЕУ

Полскиот претседател Анджеј Дуда вели дека ако Софија не дозволи почеток на преговорите, тој лично ќе се заложи за решавање на прашањето. 

Дуда се надева дека новата бугарска власт ќе биде конструктивна во однос на нашата земја. 

„Во овој момент би сакал да кажам дека Полска ја дава безрезервната поддршка на Република Северна Македонија за влез во ЕУ и овде би сакал јавно да изјавам дека доколку Република Бугарија и понатаму реагира неконструктивно односно каже НЕ за влезот на Северна Македонија, јас лично ќе истапам и ќе се залагам за изготвување на некој патоказ односно документ којшто ќе послужи на РСМ полесно да се справи со ова прашање во влез во ЕУ“, рече Дуда. 

Тој имаше заедничката прес конференција во Скопје со неговиот домаќин, претседателот Стево Пендаровски.

Бугарија засега нема да ја тргне блокадата. Во декември спорот со соседот нема да биде решен.

Лидерката на БСП, Корнелија Нинова вели дека Македонија нема да влезе во Европската Унија ако ја избрише историјата на Бугарија.

Бугарија не може да го поддржи одржувањето на првата меѓувладина конференција со Македонија, соопштија од бугарското МНР за агенцијата БГНЕС..

Иако се сметаше дека новата власт праќа позитивни сигнали, сепак кај источниот сосед нема промени на односот кон Македонија. 

Слично

Поврзани вести