Дубаи денешниот ден го посветува на Македонија, интонирана македонската химна
Со интонирање на македонската химна и подигнувањето на македонското знаме денеска се одржа официјалната церемонија и прослава на Националниот ден на Република Северна Македонија на глобалниот саем ЕКСПО кој се одржува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Пред публиката на отворено настапи и националниот танцов ансамбл „Орце Николов“.
Делегацијата од Република Северна Македонија ја предводеа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини
Утре на агендата е бизнис-конференцијата на која покрај Битиќи и Нуредини, се очекува да се обратат директорот на фондот за иновации и технолошки развој, Фестим Халили, директорот на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, како и претставници на четирите комори.
Како дел од посетата, делегацијата ќе одржи состаноци со претставници од Владата на Обединетите Арапски Емирати, комори и компании.
Слично
