Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДСЗИ ОБЕЛОДЕНУВА: Јавноста утре ќе ги прочита имињата на 138 лица на кои не можат да им бидат доставени решенија

ДСЗИ ОБЕЛОДЕНУВА: Јавноста утре ќе ги прочита имињата на 138 лица на кои не можат да им бидат доставени решенија

Во текот на утрешниот ден, Државниот санитарен и здравствен иснпекторат, ќе ги објави имињата на 138 лица кај кои не е извршена уредна достава на решенијата.

-Во согласност со Законот за општа управна постапка, член 84, ДСЗИ отпочна со јавна објава на лицата кај кои во изминатиот период не е извршена уредна достава на решенијата, потврди за Фактор директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова.

Бухова претходно изјави дека Инспекторатот беше во постојан контакт со Агенцијата за заштита на личните податоци, за да може законски да се постапи во целиот овој процес и јавното објавување на имињата на сите оние на кои не можеа да им издадат решенија да биде во согласност со законските регулативи.

Инаку, во изјавата за Фактор, директорката на ДСЗИ наведува дека одлуката јавно да ги обелоденуваат имињата на лицата, веќе има позитивни резултати.

-Откако одлучивме да преземеме ваков чекор, луѓето почнаа самите да се јавуваат и да ги бараат решенијата за да ги потпишат, се со цел да не им бидат прочитани имињата во јавноста. Излегува дека повеќе се плашат од тоа што ќе речат другите, отколку од тоа дека претставуваат ризик за голем број граѓани и придонесуваат за ширењето на заразата, изјави директорката Бухова за Фактор. 

А.Б.


Слично

Поврзани вести