Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДС: Поради разградувањето на државата повикуваме на единство за пораз на ВМРО -ДПМНЕ

ДС: Поради разградувањето на државата повикуваме на единство за пораз на ВМРО -ДПМНЕ

Грабежот и разградувањето на државата е нешто што се случува и затоа повикуваме на соработка и единство за пораз на ВМРО -ДПМНЕ на изборите, повикаа денеска од Демократскиот сојуз. 

Во Македонија многу тешко можете партиите да ги поделите врз основа на нивните програми, а сите партии формално се залагаат за исти вредности, додаваат од партијата. 

„Да се пренагласува дека партиите кои произлегоа од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат нова десница е голема заблуда, уште повеќе ако СДСМ се надева на соработка со нив. Демократскиот сојуз е една од партиите која го иницира формирањето на третиот блок или Коалиција за промени и правда во која се вклучуваат и партии и граѓански асоцијации со центристичка, десна, но и со лева ориентација. Главна цел на ДС и Коалицијата за промени и правда е на 11 декември да се случат коренити промени и да се демонтира овој авторитарен режим, како основа за стабилизирање на состојбите и пресметка со ‘октоподот’ кој ја изеде Македонија како држава“ - стои  во соопштението од ДС.

Последниве две недели јавноста е сведок дека се подготвува десница која ќе настапи на изборите и тоа создаде конфузија во јавноста, сметаат од партијата. 


Слично

Поврзани вести