Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДС: Наместо Парламентот, за сите прашања од национален и државен интерес, на референдум да одлучуваат граѓаните

ДС: Наместо Парламентот, за сите прашања од национален и државен интерес, на референдум да одлучуваат граѓаните

Од Демократскиот сојуз велат дека во интерес на внатрешната стабилност и мир е неопходно да се формира реформска Влада од партиите кои имаат парламентарно мнозинство.

Додаваат дека државата ја карактеризираат четири круцијални елементи: народ, јазик, територија и суверено владеење со територијата, а овие клучни елементи со ништо не се загрозени ниту од внатре ниту постои надворешна закана. 

„Симболи на државата се знамето, грбот и химната. За промена на овие симболи е потребна согласност од најмалку 81 пратеник или над 50% од граѓаните да се изјаснат на референдум за промени. Демократскиот сојуз предлага наместо Парламентот, за сите прашања од национален и државен интерес, на референдум да одлучуваат граѓаните, вклучително и за промени сврзани со симболите на државата. На овој начин силната манипулативна партиско-медиумска кампања ќе се распадне и кај граѓаните ќе зајакне определбата дека само со мирна промена на власта ќе се обезбеди владеење на правото, како основна гаранција за индивидуалните и колективните права и слободи“- стои во соопштението на ДС.

Демократскиот сојуз оценува дека не е загрозен унитарниот карактер на државата, нема никаков заговор за поделба и рушење на државата, ниту пак идеи или поддршка за промена на уставното име Република Македонија. 

Слично

Поврзани вести