Државата вчера се задолжи, а денеска ќе врати 11 милиони евра во стопанството
Преку една аукција на државни записи и една на државни обврзници, државата вчера собра близу 11 милиони евра. Станува збор за аукции на кои се понудија записи со рок на доспевање од една година и обврзници со рок на доспевање од 2 односно 5 години.
И на денешните аукции интересот за откуп на државните хартии од вредност беше значајно поголем од понудата и реализацијата. Така, за државните записи побарувачката беше и за три пати поголема од понудата, што укажува на тоа дека банките, кои се главните откупувачи, и натму сметаат дека овој начин на чување на парите во државниот трезор, е најбезбеден и без ризик.
И покрај тоа што Владата и Министерството за финансии ја намалуваа основната камата за да ги дестимулираат банкарите да вложуваат во хартиии од вредност, овој начин на “инвестирање“ и натаму останува атрактивен токму поради кризата и сеуште присутните ризици во приватниот сектор.
Заклучно со мај, по основ на државни хартии од вредност Владата должи 935,6 милиони евра, што преставува рекордно највисоко ниво до сега.
Денеска по основ на досепани записи, државата во приватниот сектор треба да врати 11 милиони евра.
Слично
