Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државата се задолжи со 60 милиони евра

Државата се задолжи со 60 милиони евра
Државата се задолжи со нови 60 милиони евра. Преку две аукции на три месечни записи и уште две аукции на едногодишни обврзници, владата на домашен терен од реалниот сектор повлече 60 милиони евра. Преку тримесечни записи собра 56,8 милиони евра додека преку обврзниците успеа да обезбеди 3,2 милиони евра. По основ на доспеани хартии од вредност, државата утре во реланиот сектор треба да врати исто така 56,8 милиони евра. Заклучно со декември 2012 та година, владата на домашен терен должи 932 милиони евра. Од почетокот на 2012 та салдото на домашното задолжување се зголеми речиси двојно, од 520 милиони евра во првиот кавртал на 932 милиони евра до крајот на годината.
Слично

Поврзани вести