Државата се задолжи повеќе отколку што планираше
Наместо првично планираните 30,5 милиони евра, државата денеска се задолжи со дури 46,4 милиони евра кај домашните кредитори. Според календарот на Министерството за финансии, утре државата треба да се раздолжи кај приватниот сектор со 32,5 милиони евра кои доспеваат.
Ова значи дека околу 14 милиони евра ќе и останат на државата за да финансира други потреби. Парите ги обезбеди преку три аукции на државни запси, со рок на достасување од шест месеци, односно една година и две аукции на државни обрзници со рок на достасување од пет, односно десет години.
Според последните податоци нивото на јавниот долг на централната Влада заклучно со февруари се искачи на 35,2% од БДП или 2 милијарди 807 милиони евра.
Слично
