Државата се откажа од три задолжувања
Иако во календарот на Министерството за финасии беа најавени три аукции за продажба на државни хартии од вредност, тие не се одржаа, со образложение дека буџетските приходи се во согласност со планираното и нема потреба од нови задолжувања.
Последните три аукции кои согласно објавениот календар беа планирани за 28.01.2014 , 04.02.2014 и 18.02.2014 се откажани.
„Буџетот е во сосема добра кондиција и може редовно и навремено да ги сервисира своите обврски. Откажувањето на аукциите на државни записи ќе претставува и стимул за банките слободните пари да ги вратат во стопанството како кредити со што ќе се подобри ликвидноста на компаните“, велат од Министерството за финансии за 24 Вести.
И гувернерот на НБРМ Димитар Богов неодамна ја предупреди Владата дека веќе е време да забави темпото на идни задолжувања.
Слично
