Државата ќе се задолжи со над 30 милиони евра, за да врати стар долг
Околу 30,5 милиони евра од домашните кредитори се надева да прибере денеска државата. Закажани се три аукции на државни записи, со рок на достасување од шест месеци, односно една година и две аукции на државни обрзници со рок на достасување од пет, односно десет години.
Доколку успее да ги собере потребните пари, тие ќе одат на отплата на долг кон стопанството од 32,5 милиони евра што доспева утре.
Според последните податоци, нивото на јавниот долг на централната влада заклучно со февруари се искачи на 35,2% од БДП или 2 милијарди 807 милиони евра.
Слично
