Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРЖАВАТА ЌЕ ЛАПНЕ 280 ИЛЈАДИ ЕВРА: Филмот на обиколница почнува да се снима од понеделник!

ДРЖАВАТА ЌЕ ЛАПНЕ 280 ИЛЈАДИ ЕВРА: Филмот на обиколница почнува да се снима од понеделник!

Овие денови се ширеа па повлекуваа информации и соопштенија  дека ќе се затвори скопската обиколница.

Веста официјално е потврдена и државата ќе лапне од закупот на французите 280 илјади евра .

Имено, обиколницата ќе биде затворена  за сообраќај по целата своја должина секој работен ден од 7 наутро до 7 навечер почнувајќи од понеделник, 7 септември, се до 28 септември.

Ќе се снима филмот  „А Фонд“ на францускиот продуцент Шик Филмс.

После 28 септември, снимањето на филмот се сели на  на автопатот Неготино-Велес каде во истите термини ќе остане до 23 октомври, а целиот сообраќај ќе се пренасочува преку стариот пат од Велес до Градско.

Филмот што ќе се снима е акциска комедија која ги следи доживувањата на едно француско семејство кое тргнало на летен одмор, но возилото им се расипало на автопат и не може да сопре бидејќи е без кочници а негова премиера се очекува во јуни следната година.

Слично

Поврзани вести