„Држава“ Вевчани ќе гради модерен ски центар на падините на Јабланица!
Вевчани сака да гради модерен ски центар над селото во падините на планината Јабланица. Деновиве ќе биде распишан тендер за избор на фирма консултант која ќе изработи мастер план и физибилити студијата за оправданоста од еден ваков капитален проект. Градоначалникот на Вевчани, Цветомир Угриновски рече дека заинтересирана била австриска компанија, и оти средствата во висина од 250000 евра веќе биле обезбедени.
„Плановите се скијачките терени да бидат сместени на местото викано Голина, на самиот врв на Јабланица, а жичарницата да биде во должина од 3,5 километри од крајот на Вевчани до Јабланица. Предвидено е да има и викенд населба и хотелски капацитети. Најверојатно тоа ќе го правиме по пат на јавно приватно партнерство“ рече Угриновски.
Угриновски вели оти постојат одлични услови за развој на зимскиот туризам, а со тоа и на скијањето како спорт во овој дел. Скијачките терени би се изградиле на прекрасни површини каде снег има до месец мај. Тој информира дека деновиве во Вевчани треба да дојдат претставници од Хидрометеоролошкиот завод од Скопје кои треба да постават мерна станица со цел да се утврдат условите, количеството на снег и колку време тој се задржува. Временскиот рок кога треба да се изработи физибилити студијата е 12 месеци. На Јабланица снегот се задржува и по седум месеци во годината.
Ј.Ј.

Слично