Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државните пари легнаа на општинските сметки: Ќе здивнат ли задолжените градови

Државните пари легнаа на општинските сметки: Ќе здивнат ли задолжените градови

Три милијарди денари или близу 50 милиони евра, пари од државниот буџет легнале на сметките на задолжените општини, потврди министерот за финансии Драган Тевдовски. Владата со ребалансот за годинава одвои толку пари за најзадолжените општини на кои им подмирува по половина од натрупаниот долг. 

„Тоа го предвидовме со овој ребаланс и обврската е исполнета, парите се легнати на нивните сметки, рече денеска Тевдовски.

Владината политика за раздолжување на општините на ваков начин наиде на критики кај екпертите според кои на ваков начин се толерира неодговорното однесување на градоначалниците. Тоа според познавачите создава лоши навики кај градските татковци. 

Инаку, Охрид, Тетово, Куманово и Карпош се општините со највисоки долгови. Долгот на општините е близу 100 милиони евра, а вкупниот долг на сите претпријатија под државна капа изнесува 307 милиони.


Слично

Поврзани вести