Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државниот завод за статистика излезе со демант за пописот по повлекувањето од собраниската расправа

Државниот завод за статистика излезе со демант за пописот по повлекувањето од собраниската расправа

Државниот завод за статистика реагираше со демант откако предлог-законот за попис кој беше симнат од закажаниот дневен ред на собраниската комисија беше осуден од ВМРО-ДПМНЕ дека се носи со брза постапка за да се избегне дебата, по што опозициската партија најави и можен бојкот на истиот.

„Државниот завод за статистика остро ги демантира лажните вести кои се однесуваат на толкувањето на одредени членови во Законот.  Јавната дебата за Предлог-текстот на Законот за Попис започна во средината на 2018 година, при што јавноста беше запознаена со Предлог-текстот преку голем број интервјуа во медиумите и со широка расправа што ја организираше Заводот и во која беа опфатени граѓанскиот сектор и истражувачките центри, академската заедница и медиумите. По оваа фаза, Предлог-текстот на Законот беше поставен на страницата ЕНЕР и беше достапен за забелешки, коментари и сугестии. Треба да напоменеме дека не беше добиена ниту една забелешка“, велат од заводот.

Од таму велат дека статистичката операција се подготвувала според сите стандарди и препораки на Обединетите нации и Евростат,а Предлог-законот бил со европско знаменце е затоа што тој е еден од главните бенчмаркови кои ги бара Европската комисија.

„Државниот завод за статистика, како и досега, стои на располагање за какви и да било појаснувања во врска со пописната активност и одредбите на Законот за Попис и остро се спротивставува на изнесувањето невистини во однос на оваа извонредно важна статистичка операција за земјата во целина и за секој поединец одделено“, додаваат од таму.


Слично

Поврзани вести