Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државниот врв го честиташе Божиќ според Грегоријанскиот календар

Државниот врв го честиташе Божиќ според Грегоријанскиот календар

Католичките верници како и сите кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар вчера го дочекаа Христовото раѓање. Традиционално и државниот врв се приклучи на прославата во католичката црква во Скопје за пренесување на честитките за големиот празник.

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања д-р Бујар Османи, министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, како и советничката на претседателот на Владата за култура Цветанка Ласкова присуствуваше на Светата литургија во Католичката црква во Скопје „Пресвето Срце Исусово“, по повод раѓањето на Исус Христос, големиот христијански празник Божиќ.

Со Светата литургија чиноначалствуваше д-р Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Апостолски Егзарх на Светата Столица во Република Македонија.

На церемонијата присуствуваше и претседателот на државата Ѓорге Иванов, како и новиот лидер на опозицијата Христијан Мицкоски.


Слично

Поврзани вести