Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МО ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Николиќ ја напушта функцијата од лични и здравствени причини

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МО ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Николиќ ја напушта функцијата од лични и здравствени причини

Од лични и здравствени причини, како што се наведува во оставката, Драган Николиќ поднесе оставка на функцијата државен секретар во Министерството за одбрана. Николиќ беше државен секретар во одбраната повеќе од 5 години, поточно од 28 јуни 2017 до 1 септември 2022 година.

 Во периодот кога Николиќ беше поставен на оваа висока функција во Министерството, Република Северна Македонија стана полноправна членка на Алијансата, а во рамките на институцијата беа направени значајни чекори во однос на подобрувањето на условите за работа и статусот на припадниците на Армијата, а беа започнати и досега најголемите процеси на модернизација и опремување.

Министерството за одбрана и Армијата, му се заблагодаруваат на господинот Николиќ за досегашниот ангажман на позицијата државен секретар и неговиот личен придонес во развојот на институционалните капацитети.

фото: МИА

Слично

Поврзани вести