Државниот секретар на МВР оди во самоизолација
Откако вчера беше утврдено дека двајца вработени во бифето на првата зграда во кругот на МВР се позитивни на коронавирус, во текот на вчерашниот ден од страна на епидемиолошкиот тим од Институтот за јавно здравје, по доставен список на сите вработени кои имале контакт со двајцата служители, направена им била епидемиолошка анкета на 67 лица.
Кај пет лица е утврдено средно ниво на ризик, а меѓу нив е и државниот секретар во МВР, Магдалена Несторовска. Петте лица одат во самоизолација во домашни услови во рок од 14 дена од последниот контакт со лице позитивно на Ковид 19
За останатите анкетирани 62 лица кои се проценети со низок ризик се препорачува задолжително носење на заштитна маска за целото време на работниот процес. Истите може да се вратат на работно место.
