Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државниот пазарен инспекторат го загуби трпението, поднесува пријава против „Аватар“

Државниот пазарен инспекторат го загуби трпението, поднесува пријава против „Аватар“

Државниот пазарен инспекторат го загуби трпението и реши да го пријави струмичкиот ноќен клуб „Аватар“ во јавното обвинителство заради непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата на ковид-19.

Во меѓувреме на социјалните мрежи совесни граѓани споделуваат фотографии и видеа од забавите кои со масовно присуство на млади се организираат во овој ноќен клуб во Струмица.

- Толку беше. Укажувавме, но го загубивме трпението. Ќе поднесеме пријава до основното обвинителство па од таму нека одредат која ќе биде одговорноста на субјектот. Прописите се јасни, а таму пишува дека ноќен клуб во овој момент не смее да работи во земјата, велат за „Фактор“ од инспекторатот.

Неофицијално, од таму денеска ќе спроведат контрола во Струмица и ќе ја испитуваат ситуацијата на терен, а една од можностите е и клубот да биде запечатен.

А.К.

Слично

Поврзани вести