Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Државни патишта“ ги објави резултатите: Убедливо најбрзо се вози на Скопската обиколница

„Државни патишта“ ги објави резултатите: Убедливо најбрзо се вози на Скопската обиколница

На Скопската обиколница е убедливо најголемата фреквенција на возила кои возат со брзина од над 150 километри на час, покажа мерењето на ЈП Државни патишта откако ги постави  автоматските и мобилните бројачи.

На ова место со брзина од 150 километри на час се движеле над 13.300 автомобили на Скопската обиколница во текот на септември, додека за споредба, на второ место е патот Тетово – Гостивар, каде што со 150 километри на час возеле 3.921 возило. 

Автоматските бројачи покажуваат дека просечно најфреквентни на ден користени за сообраќај се делниците Велес – Петровец, Тетово – Гостивар и Миладиновци – Хиподром со 16.000 возила. По нив следат Скопје – Тетово со околу 15.000, Велес – Градско со 14.000 и клучката Гевгелија до границата со Грција и Хиподром – Петровец со околу 13.000.

ЈПДП ги собира податоците за бројот и категоријата на возилата на 170 патни делници на државните патишта што ги добиваат за да пресмета кои се најоптоварени и според тоа најрационално да се донесе одлука на кои од нив кога и каков асфалт им е потребен.

Со автоматските бројачи на возила се вршат мерења на 70 локации, перманентно, односно 24 часа 365 дена во годината. Проектот за кој е потпишан договор во 2017 година е во вредност од 550 илјади евра.


Слично

Поврзани вести