Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државни функционери во „апс“ за нелегално делење субвенции

Државни функционери во „апс“ за нелегално делење субвенции

Во поголема акција се приведени дваесетина државни службеници под сомнеж дека нелегално го распределувале субвенциите наменети за земјоделците по наредба на јавен обвинител. 

Приведените се изведени пред Судија на претходна постапка на распит, во скопскиот кривичен суд, поради сомнеж дека сториле злоупотреба на службена положба и овластување при распределба на земјоделски субвенции.

Според информации на судство.мк, приведените се сомничат за сторена злоупотреба на службена положба и овластување, согласно член 353 став 5 од Кривичниот законик на РМ и им се заканува казна затвор од најмалку пет години.

Од МВР и надлежните служби повеќе детали околу бројката на приведени како и за незаконските активности кои ги презеле, најавија дека ќе следат во текот на денот/


Слично

Поврзани вести