Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРЖАВНАТА МАТУРА ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ НАВРЕМЕ, ШТРАЈКОТ Е ВО МИРУВАЊЕ: ДИЦ се обрати и до матурантите и до министерот

ДРЖАВНАТА МАТУРА ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ НАВРЕМЕ, ШТРАЈКОТ Е ВО МИРУВАЊЕ: ДИЦ се обрати и до матурантите и до министерот

Државниот испитен центар денеска соопшти дека штрајкот кој го започнаа на 24 април со цел зголемување на платите го ставаат во мирување и дека полагањето на Државната матура ќе се спроведе на време. Во нивното соопштение тие се обратија директно до матурантите:

Порака до матурантите!

Насилните мерки и притисоци на министерот Шаќири со обид да внесе надворешни лица во процесот на државната матура – процес кој е со висок степен на тајност, ќе ја доведе во прашање валидноста на тестирањето и резултатите од матурата.

Вработените во Државниот испитен центар, како експерти во областа и лица со висок интегритет и чувство за општествена одговорност, одлучија да ја одложат борбата за своите права за достоинствен живот во корист на вашата иднина.

Со ова известување штрајкот се става во мирување!

Истовремено, од ДИЦ се обратија и директно до министерот за образование, Јетон Шаќири.

Порака до министерот за образование и наука!

Вашите досегашни обиди за решенија на проблемот, а со тоа и ветувањата кои им ги дадовте на матурантите во медиумите се спротивни на одредбите на Правилникот за процедури за тајноста на подготовката, печатењето, дистрибуцијата, чувањето и оценувањето на испитниот материјал, донесен од министер за образование и наука од 31.3.2014 година. Со Вашиот обид да реализирате матура без вклученост на вработените на ДИЦ, Вие ќе бевте тој што ќе ги оштетеше матурантите!“, се наведува во соопштението на ДИЦ.


Слично

Поврзани вести