Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА ВО КОЈА „ТЕЧЕ МЕД И МЛЕКО“ – не за џабе важат за најатрактивни, еве колку достигна просечната плата во АЦВ

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА ВО КОЈА „ТЕЧЕ МЕД И МЛЕКО“ – не за џабе важат за најатрактивни, еве колку достигна просечната плата во АЦВ

Вработените во Агенцијата за цивилно воздухопловство или АЦВ се меѓу „највреднуваните“ во државните институции, и тоа го велиме поради фактот што просечната плата во оваа институција минатата година достигнала над 2.700 евра.

Имено, извештајот кој Агенцијата за цивилно воздухопловство го достави до народните избраници, покажува дека во текот на минатата 2025 година во оваа институција биле вработени 85 лица, и притоа за плати и други трошоци за вработените биле потрошени 173.801.847 денари.

Ова значи дека за плати минатата година АЦВ поделило 2,82 милионни евра, и оваа е повторно нова повисока сума која оваа институција ја троши за плати.

Трошокот за плати во текот на минатата година се зголемил за 16,42 отсто во споредба со 2024 година. Имено, за споредба АЦВ за плати во 2024 година потрошило 2,38 милиони евра или 146.850.120 денари и тоа беше повисока сума од претходната година за  21,4 милиони денари.

Во споменатата сума која институција ја троши за плати, вклучени и се и другите трошоци за платите на вработените, што значи дека во неа влегуваат и придонесите за социјално и здравствено осигурување. Ова значи дека нето платата е нешто пониска, но секако е далеку над просекот во Македонија. Или поточно месечно нето платата ако се подели еднакво меѓу сите вработени изнесува 111.508 денари. 

Но, со оглед дека како и секаде има хиерархиска распределба на работните места, платите за лицата на раководни позиции се повисоки, а пониски за оние на пониските.

-  Вкупните расходи за работењето на Агенцијата за цивилно воздухопловство во 2025 година во износ од 276.647.603,00 денари се во функција за реализација на програмските определби, остварување на визијата и целите на работењето, водејќи сметка притоа на обврските што Агенцијата ги има во однос на меѓународните организации.

Во вкупните расходи вклучени се расходи од работењето во износ од 265.246.875,00 денари, како и издатоците за набавка на материјални средства во износ од 10.562.173,00 денари– се наведува во извештајот кој е пред народните избраници.

Трошоците за плати и другите трошоци за вработените се најголемата ставка во расходите на АЦВ и тие достигнуваат до 65,85 проценти.

Агенција за цивилно воздухопловство е во сопственост на државата, односно нејзин основач е Собранието и тоа има влијание врз процеосот на одлучување и контрола врз работата на Агенцијата. Најголемиот дел од активностите се поврзани со регулација на цивилното воздухопловство па во таа насока активностите се поврзани со EUROCONTROL, ICAO, М-НАВ, ТАВ МАКЕДОНИЈА како концесионер на ародромите во Македонија.

Во оваа агенција вкупниот број на вработени достигнува 85 работници, а од нив најголем број се со висока стручна спрема со 240 кредити и тоа вкупно 53 вработени. Има 17 магистри, 11 работници со средна стручна спрема, 3-ца доктори на наука и едно лице со висока стручна спрема од 180 кредити.

П.О.

Слично

Поврзани вести