Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРЖАВЈАНИН НА СРБИЈА САКАЛ ДА ИЗНЕСЕ НАД 90 ИЛЈАДИ ЕВРА - Цариниците му заплениле голем дел од сумата

ДРЖАВЈАНИН НА СРБИЈА САКАЛ ДА ИЗНЕСЕ НАД 90 ИЛЈАДИ ЕВРА - Цариниците му заплениле голем дел од сумата

Цариниците откриле и заплениле голема количина на девизи, кои жител на соседна србија сакал да ги изнезе од Македонија. 
Како што објавија од Царина, царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден заплениле девизи кои српски државјанин имал намера нелегално да ги изнесе од државава.

- Поради сомневање во изјавата која ја дал патникот дека нема што да пријави и дека со себе носи помалку од 1.000 евра, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото и притоа на совозачкото седиште под машка јакна во црна рачна торбичка се пронајдени 44.000 евра, а во багажниот простор на возилото во црна кожна ташна биле пронајдени дополнителни 50.000 евра или вкупно 94.000 евра за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило.

На лицето му биле вратени 10.000 евра, сума која согласно Законот за девизно работење нерезидентите можат без да пријават да ja изнесат од државава, а останатиот износ од 84.000 евра се привремено одземени - појаснуваат од Царина.



Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести