Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРЖАВИ СО НАЈВИСОКА ИНФЛАЦИЈА - еве кои земји ги заземаат првите три места

ДРЖАВИ СО НАЈВИСОКА ИНФЛАЦИЈА - еве кои земји ги заземаат првите три места

Инфлацијата расте речиси насекаде во 2022 година. Геополитичките тензии предизвикуваат високи трошоци за енергија, додека нарушувањата од страната на понудата исто така ги зголемуваат потрошувачките цени. Крајниот резултат е дека речиси половина од земјите во светот бележат двоцифрена стапка на инфлација, а во некои земји тој процент е поголем.

Со новите макроекономски фактори кои ја обликуваат глобалната економија, инфографик на „VisualCapitalist“ ги прикажува земјите со највисоки стапки на инфлација, користејќи податоци од „Trading Economics“.

Двоцифрена инфлација во 2022 година

Како што покажува табелата подолу, голем број земји доживуваат рекордно високи нивоа на инфлација. Некои дури се соочуваат со троцифрени стапки. На глобално ниво, Зимбабве, Либан и Венецуела имаат највисоки стапки во светот.

Како што се зголемуваат ценовните притисоци, 33 централни банки ги зголемија каматните стапки оваа година. Овие координирани зголемувања на стапките се најголеми во последните две децении, означувајќи го крајот на ерата на најниски каматни стапки.

Слично

Поврзани вести