Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државен студентски дом Скопје се испишмани и ја врати старата цена

Државен студентски дом Скопје се испишмани и ја врати старата цена

Државниот Студентски Дом „Скопје“, под чија надлежност се скопските сместувачки објекти „Гоце Делчев“, „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски - Питу“, кој во моментов се реновира,  на денешната седницата на Управен Одбор по претходна координација со Министерството за Образование и Наука и министерот Јетон Шаќири го врати стариот ценовник за сместување и исхрана по бунтот на студентите.

„Враќање на цените за сместување и исхрана на студенти, односно цената од 3.945,00 денари се враќа на 3.645,00 денари, исто како претходните години.

Напоменуваме дека при покачувањето на цените за сместување и исхрана се земени во предвид сите трошоци на ДСД „Скопје“ кои се значително поголеми и не е прекршена ниту една процедура.

По реакцијата на студентите за покачените цени одлучено е истите да се вратат на старите суми, а дополнително да се бара решение за нормално функционирање на студентските домови“, соопштија од управата на овие три студентски домови.

Од оваа академска година студентите-станари во двата студентски домови „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“, нема да добиваат појадок. Ова се прави затоа што, како што појаснија претходно од раководството, е дека студентите појадок сега ќе си купуваат со парите од студентскиот оброк, а и затоа што многу бил мал интересот за овој оброк од денот.

Претходно од „Студентски збор“ најавија мобилизација и протести затоа што месечната кирија како што велат од таму, во студентските домови се зголемила на 3.945 денари, трошоците за амортизација на 700 денарии, за испринтани 4 листови А4 формат при вселување студентите плаќаат 500 денари, а 300 денари за фиктивната картичка за јадење која не се користи воопшто.


Слично

Поврзани вести