Државен карантин за лицата кои ја прекршуваат изолацијата: Тројца граѓани спроведени од МВР, сами ќе си платат за престојот
Полициски службеници во последните 24 часа спровеле три лица кои не го почитувале мерките за изолација и самоизолација. Тие се однесени во државен карантин, информира Министерството за внатрешни работи.
-Трошокот за престој во државниот карантинќе биде на сметка на лицата кои ги прекршиле ваквите мерки, а освен тоа ќе им бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ, се наведува во соопштението на МВР.
Инаку, во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава издадени се решенија за изолација на 651 леци, а 346 лица потпишале изјави за самоизолација. Исто така
по однос на мерката за неносење личназаштита на лице регистрирани
се 618 прекршоци.
Слично
