Економија, финансии, бизнис

Контакт

Државата ќе им плаќа на жртвите од кривични дела

Државата ќе им плаќа на жртвите од кривични дела

Министерството за правда подготвува закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела. 

Според информациите причината за донесување на законот е потреба за усогласување со меѓународните стандарди и од Законот за кривичната постапка каде што е пропишано дека во согласност со посебните прописи жртвата на кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 4 години, меѓу другото, има право на надоместок на материјална и нематеријална штета од државен фонд. 

Парите на „жртвата“ ќе се исплатуваат под услови и на начин пропишан со посебен закон, но само ако надоместокот на штета не може да се обезбеди од осудениот.

А.Т.

Слично

Поврзани вести